На шминката местото и е во кујната!

Објавено на 8 октомври, 2014 во 07:00

Иако повеќето жени шминката ја чуваат во бањата, експертите велат дека тоа е сосема погрешно. Ако сакате да  и го продолжите векот на траење , шминката треба да се чува во фрижидер.

Хемиските реакции се случуваат побрзо на повисоки температури, додека ниските температура ги забавуваат. Шминката е особено подложна на оксидација, која лесно може да го промени нејзиниот мирис или изглед. Затоа, е препорачливо е мејк ап како и парфемите (но во нивното оригинално пакување) да ги чувате во фрижидер.

Сепак, имајте на ум дека поради прекумерното и неправилното чување во фрижидер шминката станува неупотреблива. Најдобро е шминката да ја ставите во затворен кутија, кој ќе ја ставите на полица во фрижидер со наблаго ладење.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.