Есенски пилинг за убави усни

Објавено на 15 октомври, 2014 во 06:49

Со доаѓањето на постудените и ветровити денови кожата на усните лесно се суши, станува груба и испукана.

Таквите усни често знаат да бидат и болни, а на нив ниеден кармин или сјај не изгледа добро. За кожата на усните да биде здрава и нежна, ние ви предлагаме рецепт за едноставен есенски пилинг на усните кој ќе им обезбеди најдобра нега.

Измешајте малку мелено кафе со маслиново масло за да се добие погуста смеса. Со смесата нежно масирајте ги усните и исплакнете со млака вода. Овој едноставен пилинг ќе ги отстрани мртвите клетки од кожата и ќе ја хидрира кожата. По тоа на усните задолжително нанесете балсам за да останат меки и нежни.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.