Направете ја вашата кожа прекрасна со маска од морков

Објавено на 29 ноември, 2014 во 10:06

За посвеж изглед,смирување на уморната кожа и хидратација подгответе маска од морков.

Морковот доволно е да се изренда и исцеди и сокот да се нанесе на исчистена кожа. Можете да го измиксате и во блендер и смесата да ја нанесете на лицето. Оставете да делува 2  минути па измијте. Оваа маска одговара на секој тип на кожа.

Доколку имате сува кожа додадете и малку маслиново масло. На морковот додадете жолчка за да го  вратите сјајот на уморната кожа.За кожа склона кон воспаленија направете маска од изгмечен морков и малку мед.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.