Совети за побрзо сушење на косата
Додека секогаш сакате да имате беспрекорна коса, понекогаш веројатно и нема да имате време да се посветите на неа .Кога сте во брзање, сушењето на косата најверојатно трае предолго. Постои начин што ќе ви помогне да го забрзате сушењето на косата, и ние ќе ви откриеме како.
Крпа и памучна маица – По миење на косата нежно завиткајте ја во стара памучна маица, а потоа и во пешкир. Со така завиткана коса може да ги испеглате облеката или да се нашминкате. Колку подолго стои косата, ќе се впие повеќе водата и ќе се олесне сушењето.
Керамички Четка – Со керамичка четка ќе ви помогне директно да ја насочите топлината и да се исуши косата побрзо. Оваа четка ќе ви овозможи најдобро струење на воздухот.
Јонски фен – Јонскиот фен за коса може да го преполови сушењето на косата. Овој фен произведува јони кои се наелектризирани молекули. Јони имаат негативен полнеж, додека вода има позитивен полнеж, со тоа се врзуваат брзо, дозволувајќи и на водата да испари побрзо.
Насочување на топлина – Кога ќе ја сушете косата воздухот од фенот насочете го кон дното, од коренот кон врвовите на влакната. На овој начин, водата брзо ќе се потисне од косата и ќе се постигне мазна фризура без влакна кои стрчат неуредно.