Пролетва платнените ќе ги заменат кожните чанти

Објавено на 6 март, 2021 во 11:49

platnenicant fn

06.03.2021

Чантите се секако клучен моден детаљ, се предвидува дека за претстојната пролетна сезона еден стил ќе биде популарен – платнените модели на чанти. Дизајнерите понудија повеќе опции на чанти од дебело платно во сбетли тонови, а кои сепак се поразлични од лежерните платнени торби. Тие се замена на класичните кожени чанти и за сезоната пролет-лето 2021 ги има во колекциите скоро на сите дизајнерски куќи – Christian Dior, Fendi, Balmain, Burberry, Balenciaga…

Бидете сигурни дека секој може да најде платнена чанта по свој вкус – изборот, без претерување, е огромен. Можеби најпрактични опции се чантите со поголеми димензии кои може да соберат сè што ви треба a и повеќе од тоа!. Логоманијата е повторно во мода, па повеќето чанти го имаат логото или препознатливиот принт на брендот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.