Истражување: Многу се користат мултивитамини
Истражувањето од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болестите покажало дека половина од мажите во САД дневно во својата исхрана земаат најмалку еден додаток и тоа од мултивитаминските препарати.Со ова биле опфатени околу 15 илјади испитаници на возраст од 50 години за време од десет години кои во својата исхрана земале мултивитамини или пак препарат кој наликувал на мултивитамин но кој немал активни состојки.
Од болницата „Brigham and Women’s’ во Бостон кои ја проучувале оваа појава за можно влијание на мултивитамините врз здравјето на срцето на мажите велат дека по повеќе од десет години било утврдено дека нема ниту корист ниту пак ризик од нивно користење.
Едно истражување спроведено во октомври покажа дека користењето на мултивитамините ја намалува појавата на канцер во било која форма за осум проценти.
Сепак од болницата сметаат дека двете истражувања не се во спротивност со оглед на тоа дека механизмот на делување на мултивитамините е различен.
