Костени за диета!
Со доаѓање на есента, на трпезата пристигнуваат и костените.Ако внимавате на вашата линија треба да ги јадете печени а може и како пире со нискокалоричен шлаг.Иако костенот е суво овошје сепак не е висококалоричен како другото овошје.100 грама костени содржат околу 200 калории а претставуваат оброк кој заситува.
Ова овошје е многу богато со скроб го има околу 45 %, добро се вари во организмот,сиромашен е со масти 200 калории на 100 грама(што значи двојно повеќе околу 500 калории имаат 100 грама ореви) а големата содржина на скроб го прави сличен по состав на житариците.
Костенот претставува вредна намирница поради големата количина на скроб,витамини,протеини,минерални соли и затоа нутриционистите го препорачуваат во менито за време на диетата.Тој дава сила и цврстина на мускулите,го зајакнува имунитетот,ги надоместува потрошените енергетски залихи во телото. Костенот е добар е во борба против анемијата зашто е добар извор на железо и лесно се вари.
