Како да ја негувате вашата кожа најправилно на зимските температури
Искористете го сезонското овошје и зеленчук барем два пати во месецот освежете ја вашата кожа на лицето.
Маска од слива и павлака – Оваа маска е одлична за нега на нормален тип на кожа.Се подготвува на тој начин што се земаат 3 зрели сливи,едно лажиче маслиново масло и 1 лажичка кисела павлака. Сливите се одлични против стареење на кожата.
Маска од грозје – За подготовка потребно е да се издробат во блендер околу 10 ина зрна грозје на кои ќе им додадете едно лажиче брашно. Откако добро ќе ја измешате смесата нанесете ја на лицето и нека стои не повеќе од десет минути. Оваа маска е препорачлива за зрела кожа.
Маска од смоква – Бидејќи нивното дејство е како антиоксиданс смоквите се одличен избор за нега на лицето. Маската се подготвува на тој начин што се вади лушпата од 2 до 3 смокви и на месестиот дел се додава едно лажиче маслиново масло. Се нанесува на суво лице и се остава да делува десетина минути.
Маска од тиква – Оваа маска е идеална за мрсна кожа.За нејзина подготовка се потребни две лажички пасирана тиква,едно лажиче мед и ¼ лажиче млеко. Се нанесува и се остава да стои десетина минути. За нега на комбинирана кожа можете да додадете и едно лажиче сок од брусница.
