Целерот го лечи стомакот!

Објавено на 12 ноември, 2012 во 22:29

Сокот од целер,салата од целер или пак во комбинација со јаболка  е вистински лек за стомачни болки,болки во бубрезите или пак болести  на дишните патишта. Покрај тоа целерот делува и многу смирувачки за организмот. За исхрана обично се користат лисјата и коренот а во јадењето е неизбежен како додаток во вид на зачин.

 

Целерот исто така помага и во исфрлање на течности од организмот зашто е многу јак дијаретик и затоа се препорачува на луѓето кои имаат проблеми со бубрезите. Најдобро дејство има во форма на свеж сок бидејќи при сушењето ги губи главните состојки.

Коренот како и листот од целерот многу лесно се варат,затоа е и идеална храна за лицата кои имаат проблеми со варењето. Поради ниската енергетска вредност која ја има целерот се препорачува да го консумираат и дијабетичарите. Доколку три пати на ден изедете по 50 грама целер за само еден месец можете да изгубите и до 5 кг.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.