Што треба да јадете за да имате здрави коски?

Објавено на 18 ноември, 2012 во 16:00

Познато е дека млекото и млечните производи се богати со калциум и се одлични за вашите коски но, сепак има и други продукти кои исто така имаат одлична хранлива вредност. Сојата е одличен извор на калциум па затоа возрасно лице дневно во својот организам треба да внесе илјада милиграми калциум.

 

За здрави коски оваа недела на вашето мени нека се најдат: риба, соја, банана, компир и бадем.

Риба со омега 3 масни киселини –Без дневната доза на витаминот Д, сирењето,млекото и јогуртот нема многу да помогнат. Затоа возрасно лице дневно треба да консумира 600 единици или околу 90 грама лосос во кој има 450 единици,во исто толкава количина конзервирана туна во која има 70 единици ,додека конзерва сардина содржи 178 единици.

Банана – која е богата со калиум одлично влијае на развојот на коските иако не  е многу популарна меѓу продуктите кои се познати по тоа. Сепак бананата содржи 400 мг калиум и не смеете да ја игнорирате.

Бадем – е богат со здрави масти. Во 30 грама бадеми има 80 милиграми калциум и уште еден минерал кој е корисен за скелетот 80 милиграми магнезиум.

Дневната доза на магнезиум која се препорачува е 300 до 400 милиграми.

Компир- 4700 милиграми е препорачана дневна доза на калиум а во еден компир има околу 700 милиграми калиум.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.