Фасцинантни факти за соновите
Во текот на ноќта потсвеста го открива сонувачот во слики од четири до седум пати. По само пет минути откако ќе се разбуди, ќе заборави на сонот повеќе од половина, додека после десет минути сонот исчезнува од неговиот ум до 90 проценти.
Психотерапевтите и хипнотерапевтите истакнуваат дека е важно да се запомнат соновите по будењето.
Колку повеќе детали и слики од вашите соништа запомните, со правилна “дијагноза” може да решите многу емоционални, здраствени или финансиски проблеми.
Личностите од соништата постојат
Интересно е тоа што додека човекот сонува, не измислува нови личности, туку потсвеста бира помеѓу вистинските личности кои ги видела на јаве, но додека е буден не се сеќава.
Во текот на животот човекот може да види стотици илјади лица, па мозокот не треба да измислува нови ликови за соништата.
Кучињата сонуваат коски
Кучињата сонуваат како и луѓето, а најчест сон кај овие домашни миленичиња е местото каде е скриена коската. Додека сонува, кучето мрда со ногата и неправилно дише.
Дефиниција
Сонот е манифестација на несвесното. Во него недостасува контрола од свесното “ЈАС”.
Зборување во сон
Говорењето во сон е карактеристично за деца до 12 години. Говорот во сонот го поттикнува уморот, а може да се спречи со топла купка и добра музика пред спиење.
Се’ се случува во сонот
Прекогнитивните соништа во кои луѓето ја сонуваат својата иднина е случај кај 18 и 38 проценти испитаници. Помеѓу 63 и 98 проценти луѓето веруваат дека прекогнитивните соништа може да станат реалност, но на оваа тема сеуште нема посериозни научни анализи.
5 Најчести сонови
– Паѓањето во сон се појавува со тешкотии и чуство на беспомошност. Се одвива во раните фази на спиењето, и најчесто овој сон е придружен со грчеви во рацете и нозете.
– Губењето на заби е поврзано со чуството на губење моќ, статус, влијание,самодоверба. Забите се симбол на силата.
– Луѓето кои во реалноста се чуствуваат несигурно, ранливо, срамежливо или имаат грижа на совест најчесто сонуваат соништа каде тие се голи.
– Луѓето кои во соништата некој или нешто ги прогонува откриваат дека и на јаве се обидуваат да избегнат од проблемите. Пораката е дека тие треба да се соочат со своите “демони”.
– Соништата со летање покажуваат дека сонувачот успешно се справува со новите предизвици. Они поттикнуваат креативност. Луѓето кои сонуваат вакви соништа ги опишуваат како инспиративни и полни со искуства.
