Масажа и кромид најдобри во борбата против целулитот
Обработена, слатка и многу солена храна, суво овошје и сувомеснати производи се неприфатлив избор доколку сакате тело без целулит. Наместо овие намирници на менито може да ви се најдат јагодите, брокулата, доматите, грашокот кои се богати со витамин Ц, црвено грозје, боровници, цреши и боровинки. Откријте и други драгоцени совети кои ќе ви помогнат во борбата против кожа како “портокал”.
Пектин
Отровите најлесно ќе исчезнат со пектин од јаболка, круша, банана, цитрон, моркови и зелка. Во борбата против целулитот добар е и кромидот. Кафето, алкохолот и газираните пијалоци избегнувајте ги. Никотинот од цигарите, исто така влијае на појавата на целулит.
Витамин Е и сол
Ако се бањате со врела вода, ја оштетувате кожата и целулитот иде до израз. Ако неможете да се одвикнете од ова уживање, компенизрајте го губењето на еластичност на кожата со користење на крема со витамин Е. Препорачливо е да се бањате во бања со морска сол. Направете бања, така што ќе помешате една чаша сол и десет капки есенцијално масло од рузмарин.
Коприва
Во борбата против целулитот потребно е да пиете многу вода за да го забрзате метаболизмот. Добро е да пиете и билни чаеви – зелен чај и чајот од коприва се идеален избор.
Темен тен
Целулитот е помалку видлив, а нозете изгледаат подобро ако се црни. Но, прекумереното сончање ја оштетува кожата и побрзо старее.
Без таблети
Избегнувајте лекови против болки бидејќи придонесуваат за акумулирање на штетни токсини. Користете додатоци во исхраната – витамин А, Ц и Е бидејќи содржат антиоксиданси.
Тесната обелка го предизвикува целулитот
Ако сакате да се ослободите од целулитот не носете тесна облека. Таа ја ограничува циркулацијата – со што се спречува протокот на токсини низ целото тело и така целулитот се појавува.
* 6 чекори за антицелулитна масажа
Подготовка
Намачкајте масло од стапалата до колената за да се подобри протокот на крв низ вените и капиларите. Секој дел од ногата маситајте го барем една минута.
Штипење
Штипкајте ја кожата со прстите на помали области, околу колковите, бутовите и стомакот. Така лесно ќе ги отстраните акумулираните токсини.
Масажа
Со дланките притискајте ги местата на кои имате целулит. Со посилни движења ќе ги разбиете масните наслаги, па и метаболизмот полесно и подобро ќе се бори со нив.
“С” Масажа
Фатете голем дел од критичната област во рацете и носете го ткивото во спротивна насока како да ја обликувате буквата “С”.
Цедење
Опуштете ги мускулите. Фатете делови од кожата со рацете како да цедите облека. На овој начин масирајте ги вашите бедра и проблематичните области на колковите.
Завршница
Завршете со силна масажа од стопалата спрема колковите. Така се постигнува разбивање на акумулираните масти.