Осум совети за здрав дом!
Неколку лесни и едноставни промени во вашиот дом може да ви осигураат со години здрав живот, за вас, вашето семејство и вашите домашни миленичиња. Здравиот дом е неопходна основа за квалитетен живот. Ова се неколку предлози кои лесно може да ги воведете во вашиот секојдневен живот, и да уживате во здравјето.
1. Бидете свесен купувач. Купувајте производи кои ги препознавате повеќето состојки на нивните етикети.
2. Чистотата е пола здравје. Вашиот дом ќе биде поздрав доколку редовно го чистите, но користете природни детергенти и средства за чистење.
3. Растенијата го освежуваат вашиот дом и ви обезбедуваат дополнителен кислород. Две билки во секоја соба од вашиот дом се доволни.
4. Мебелот направен од природни материјали и нетоксични бои ќе ви додадат убавина во вашиот дом, и ќе ја намалат изложеноста од непотребни хемикалии.
5. Мирисите играат важна улога ва вашиот дом. Доколку не сте биле дома неколку дена, внимавајте на најсилниот мирис кој ќе го забележите прв затоа што тој може да ви ги открие сите штетни и расипани работи кои би можеле да поминат незабележливо.
6. Размислете за филтер кој ја прочистува водата.
7. Ќе имате добар сон доколку сте опкружени со природни материјали. Органски природните перници би требало да имаат предност во вашиот дом од оние синтетични, без оглед што се поевтини.
8.Негативните јони се невидливи молекули кои го промовираат вашето здравје, а јонските генератори и не се толку скапи во последно време, затоа размислете за купување на еден.
