Трикови за намалување на апетитот!

Објавено на 28 ноември, 2012 во 10:46

Намалето го секојдневниот внес на калории во организмот и ќе ослабете.  Ова звучи толку едноставно, но проблемот е што желудникот протестира скоро секој час. Ние ви носиме трикови со кои може да го прелажете вашиот желудник…

Често јадете варен компир!

Тој е богат со нутриционистички состојки, а сиромашен со калории. Компирот ќе ви го наполни желудникот и ќе почуствувате ситост подолг временски период од денот.

Не ги избегнувајте маснотиите!

Не треба да се прејадувате, но парче месо или друга храна која содржи маснотии ќе ви помогне брзо да се заситите и ситоста да ја чуствувате долго, за разлика ако јадете само овошје и зеленчук.

Јадете ја корката од лебот

Од лебот или печивото извадете ја меката средина, па кората намачкајте ја со две лажици мармалад наместо со маргарин или сирење. Вака ќе заштедите 149 калории.

 

Контролирајте ја количината

Количината на храна сепак треба да ја контролирате: доколку подготвувате шпагети, ќе биде доволно онолку колку би минале низ дупка широка како паричка од пет денари. За останатите тестенини важи правилото дека порцијата не смее да биде поголема отколку што собира еден филџан за кафе (секако, пред готвењето). Парчето месо пак, не би требало да е поголемо од аудио – касета.

 

Ви крчи стомакот?

Кога ќе се јави толку интензивно чувство на глад, не чекајте до оброкот. Подобро веднаш каснете нешто ситно – морков или јабоко. Инаку, ќе уследи толкав напад на глад што нема да можете да се контролирате.

 

Намирници за ситост

Ако не сте гладни, потешко ќе паднете во искушение да грицкате нешто меѓу оброците. Варениот компир, јаболките, грозјето или варените јајца долго време можат да ве држат сити. Но, подалеку од кроасаните, чоколадите, колачињата, сладоледот од ванила и чипсот. Тие не се заситни, а содржат многу калории.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.