Причина за појава на херпес на усните!
Дума Ви препорачува да внимавате и навреме да го спречите појавувањето на потенцијалниот вирус на херпес.
Херпес на уста или раничка од настинка и температура најчесто се предизвикува од локална вирусна инфекција, резултатот е видлив – типични болни меурчиња на усните, поретко и во усната празнина.
При првиот контакт со вирусот настанува примарната инфекција (обично во детството), таа се манифестира со висока температура, воспаление на слузницата на образите и на грлото. По смирувањето на примарната инфекција вирусот останува во латентна форма во нервните корени, блиску до нападнатата регија на кожата.
Прекумерната изложеност на ултравиолетови зраци може да испровоцира повторна појава на херпесот. Повторуваните херпеси на устата обично поминуваат за 8 до 10 дена. Најголем дел од луѓето се инфицирани со херпес симплекс вирусот уште во детството.
Повремена појава на херпес на устата покажува дека вирусот е присутен, дури и ако не постојат податоци за примарната инфекција во детството. Вирусот на херпес симплекс е сплет на два различни, но сепак цврсто поврзани вируси познати како ХСВ-1 и ХСВ-2. Примарната херпетична инфекција, се манифестира со висока температура, болни, отечени и отворени ранички на непцата и слузницата на образите (стоматитис) и многу болно воспаление на грлото (фарингитис).
Пренесувањето настанува со близок орален, генитален или анален контакт, мастурбирање, бакнување и било каков друг директен контакт кожа со кожа кое овозможува размена на телесни течности.
Чешање и пецкање
– прв симптом
Првиот знак е чешање и пецкање на дел од устата, по што се појавува црвенило и оток. Во тек од 24 до 48 часа се развиваат херпетичните меурчиња, едно или повеќе. Меурчињата прскаат и формираат болни ранички, кои на крајот се покриваат со красти. Дијагнозата се поставува визуелно, бидејќи промените имаат карактеристичен изглед.
-Третман
Херпесот на устата може да се лекува со специфични антивирусни лекови. Терапијата треба да почне уште пред да се развијат меурчињата. Системска терапија и антивирусни таблети се користат во случаи кога херпесот често рецидивира или кога промените се многу проширени. Помош од стоматолог треба да се побара ако раничката на усната не поминува, ако е придружена со покачена температура или ако постојат и други промени на слузницата на устата.
Дали вирусот на херпес е заразен?
Личноста се смета за заразена при појава на отворени рани и подливи во процес на зараснување. Значи, лицето кое има херпес е секогаш потенцијален носител на активниот вирус.
Самопренесување: Лицето заразено со херпес може да го рашири вирусот на другите делови од сопственото тело преку допирање на заразеното место и потоа со допирање, чешање или триење на друг дел од телото кој не е заразен со херпес. Посебно треба да се внимава на употреба на крпите за бришење.
Можно е едно лице да добие генитален херпес доколку е пасивен учесник во орален секс во кој партнерот има орален херпес. Оралниот херпес се пренесува на гениталиите и обратно.
Ние ви препорачуваме да бидете претпазливи.
