Биберот е многу повеќе од зачин!

Објавено на 3 декември, 2012 во 14:09

Освен што на храната и дава вкусна и пикантна арома, биберот е многу повеќе од зачин. Овие лути топчиња бибер може да ви помогнат во неверојатни ситуации, а нивното дејство е совршено во борбата против вируси и бактерии.

– Ја чува првобитната боја на гардеробата

Ако вашата омилена маичка или фустан почнува да ја губи бојата, побарајте помош од биберот. Во детергентот кој го користите за перење облека додадете лажичка мелен црн бибер. Тој ќе дејствува како фиксатор и ќе ја зачува бојата на гардеробата исто како во првобитната состојба. Водата ќе го испере биберот и нема да имате потреба за дополнително плакнење на облеката.

– Како пилинг за лице и тело

Зрната од бибер се толку мали што совршено ќе го заменат  вашиот пилинг гел за чистење на лицето и телото. Измешајте половина шолја бебешко улје, шест капки есенцијално масло од портокал, една шолја ситна морска сол и една лажичка бибер. Сето тоа добро промешајте го, протријте ја кожата и исплакнете со вода. Пилингот ќе ги отстрани сите мртви клетки и нечистотии, а биберот ќе ја зајакне вашата циркулација и ќе ја направи вашата кожа да изгледа мека и свежа.

– Против настинки

Биберот е природен деконгестив бидејќи содржи хемикалии кои ја иритираат слузницата и ги чисти дишните патишта. Подгответе топла супа и додадете мелен бибер. Супата ќе ги загрее синусите, а биберот ќе ви помогне во чистењето на дишните канали.

– Прочистувач на телото

Биберот е многу моќен антиоксиданс кој ја подобрува циркулацијата, го поттикнува метаболизмот и го зголемува апетитот, исто така е познат и по своите анти-воспалителни дејства. Биберот има улога во подобрување на работата на дигестивниот систем стимулирајќи ги ензимите и лачејќи желудечните сокови.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.