Каракушките непознати а сепак толку корисни за здравјето!
Kаракушките, познати како чичока, се градинарско растение кое содржи инсулин и е доста корисно за исхрана на дијабетичарите, помага во функцијата на органите за варење, за бубрежни заболувања и друго. Вака појаснуваат некои од познавачите на лековитите својства на ова растение во Неготино.
Тие велат дека многу добар бизнис може да се направи со нивно производство зашто тие се здрава храна со лековити својства,но дека за овој градинарски производ кој е во изумирање треба поширока промоција. Да се одгледаат каракушки навидум изгледа едноставна и лесна работа, велат луѓето кои ги произведуваат.
„Можете да го излупите плодот, па да го јадете, а ако излупената лушпа ја фрлите во земјата, од неа подоцна ќе никнат нови плодови. Сиурно би рекле,па ако е току лесно да се произведе, тогаш кој би купил нешто што и самиот може да го одгледа? Па, во тоа е работата! Производството на каракушки би било наменето за оние кои немаат каде да ги посадат или тие кои немаат време, па не се во можност да се занимаваат со нив,“ велат земјоделци од неготинско.
Овие растенија се користат во свежа состојба и имаат влијание врз зголемување на аптетитот, ја стимулираат секреторната функција на органите за варење, а особено ја стимулираат секрецијата на жолчката. Во народната медицина се користат кај бубрежните заболувања, заболувањата на жолчната кеса и сл.
Чичоката е најдобро да се јаде кога е сирова,како салата, бидејќи така е најкорисна,во туршија а може и да се вари, да се пече и да се пржи.
Додека како лек, чичоката се користи како лек за лекување на хемороиди, осипи и лишаи.
