Суво грозје – лек за кариес!
Објавено на 14 декември, 2012 во 14:53
Иако за намирниците кои се благи и лепливи, како што е сувото грозје, се сметало дека предизвикуваат расипување на забите, но новите истражувања го потврдиле спротивното.
Докажано е дека сувото грозје го спречува растот на бактериите одговорни за настанувањерто на кариесот и болестите на непцата, пред се затоа што обилува со фруктоза и гликоза, а не со сахароза, која е главен виновник за заболувањата на усната шуплина.
Сувото грозје се препорачува како ужина меѓу главните оброци. Зошто?
Фруктозата и гликозата од сувото грозје ќе ви помогне полесно да го издржите физичкиот и менталниот напор. Една шака суво грозје ќе ве засити и нема да чувствувате глад.
