Алкохоличар ли си?
Иако има повеќе од 20% шанси да си, затоа што нема друга причина за што би го читал овој текст …сепак откриј во која група на алкохоличари припаѓаш.
Социјални алкохоличари
Во оваа група на луѓе не спаѓаат луѓе од социјалното и затоа не се замислувајте како клошар. Станува збор за луѓе кои исклучиво пијат во друштво. Независно кој е поводот за дружење ( работа или некоја пијанка со другарите), многу важна е количината на испиеното. Социјалните пијаници пијат секојдневно, но максимално до два испиени пијалоци во една дневна доза. Доколку вие сте социјален пијаница, не грижете се границата е далеку од вас…
Релаксирачки алкохоличари
Ова е малку посериозна фаза, и во оваа група на алкохоличари спаѓаат оние на кои алкохолот им е еден од омилените начини за уживање и релаксација. Иако здраствено не се загрозени, кај членовите од оваа група, повременото отсуство на контрола при пиењето е вообичаена појава.
“Последен воз” алкохоличари
Ова е последна станица пред групата хронични алкохоличари. Ако алкохолот има сериозно влијание на вашата концетрација, работа, здравје вие сигурно сте дел од оваа група. Кај вас контролата и неконтролата со пиењето е во однос 30-70’ во корист на неконтролата. Многу малку ви фали за да стигнете до 100% и само од вас зависи на која страна овој процент ќе премине. Соберете сила и кажете НЕ на алкохолот.
Хронични алкохоличари
Лошо е ако кажеме дека за вас нема надеж, бидејќи надежта последна умира. Проблемот е во тоа што вие веќе сте станале зависни од алкохол. За здравјето и вашата функционалност нема да зборуваме, бидејќи тие не ни постојат веќе за вас. Морате сами себе да си признаете дека имате проблем со зависноста од алкохол, бидејќи тоа е првиот и најважен чекор во лечењето. Вие неможе да се излечите сами, вас ви е потребна професионална помош.
Истражувањата неодамна потврдиле дека зависноста од алкохол е подеструктивна од зависноста од дрога. Во прилог на ова се наоѓа фактот дека алкохолот е легализирана дрога која во општеството се одобрува, па дури и рекламира. Долгото конзумирање на алкохол, макар и во минимални колични предизвикува сериозни физички и психички нарушувања.
Постојат многу начини за решавање на овој проблем, но прашање е колку вие сте подготвени да се соочите со проблемот.