Чоколадото во умерени количини е здраво!

Објавено на 17 декември, 2012 во 11:03

Понеделнички започнуваме со добра вест…

…а тоа е дека научниците советуваат да јадеме чоколадо, бидејќи е корисно за здравјето, но само во умерени количини. Се чини дека претерувањето со него може да ви наштети, предупредуваат истражувачите од Харвард…

Секоја храна е штетна, кога се консумира во премногу големи количини, а тоа важи со полна сила и за чоколадо, покажуваат истражувањата на 30.000 Швеѓанки на возраст меѓу 48 и 83 години. Резултатите покажуваат дека темното чоколадо, ако се внесува од еден до три пати во месецот, штити од срцеви проблеми.

Други истражувања покажуваат дека умерената конзумација на чоколадо помага и за намалување на крвниот притисок.

Корисните состојки кои ги има во чоколадото се флавоноиди и антиоксиданси, кои присуствуваат уште во цитрусовите плодови, кромидот, зелениот чај и црвеното вино. Претходното истражување покажува дека луѓето кои јадат чоколадо по малку секоја недела го намалуваат ризикот од мозочен удар за 22%, бидејќи тоа ја подобрува циркулацијата и протокот на крв.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.