Здравје во Новата Година!

Објавено на 21 декември, 2012 во 11:49

Во текот на Новогодишните и Божиќните празници се организираат многу друштвени прослави и дружења со најблиските. Сите знаеме дека во средиштето на овие дружења е храната.

Лошото комбинирање на храната, односно, внесувањето на јагленохидрати и белковини во ист оброк, има за последица лошо варење на храната, надуваност, стварање на гасови, киселини во желудникот, поспаност.

Правилно комбинирање на храната:

*месо и зеленчук (но не компир),

*ориз и зеленчук,

*тестенини и зеленчук,

*леб и зеленчук.

Неправилно комбинирање на храната:

*месо и компир,

*риба и ориз,

*пилешко месо и тестенини,

*сирење и леб.

Доколку се држите до овие неколку едноставни правила ќе се чувствувате посвежи, полни со енергија, варењето на храната ќе ви се подобри, а веројатно и ќе изгубите и некој вишок килограм. Меѓутоа, драстичните промени во нашата исхрана и култура на јадење, не се ни малку лесна задача.

Токму затоа, бидете спремни дека ќе ви треба одредено време додека не се навикнете и прилагодите на промените кои ќе ги воведете во вашата исхрана.

Сепак, имајте на ум дека вие и вашето семејство тргнувате на еден нов пат, пат кон здравје и задоволство, бидејќи здравиот начин на исхрана ќе влијае на вашето расположение, па промените кои ќе ги воведувате ќе бидат полесни и поедноставни.

Промените може да ги правиме со мали чекори, кои ќе направат голема разлика во нашите животи и во животите на членовите од нашето семејство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.