Шеќер на рана!

Објавено: 18 февруари, 2013, во 10:51 часот

Ново истражување покажало дека ситен шеќер поефикасно помага во лечењето на рани отколку антибиотик.

Доволно е само да се стави на раната. Истражувањето е спроведено на Универзитетот Волферхамптон, а зад него стои Мосес Муранда кој пораснал во Зимбабве. Неговиот татко користел шеќер за ублажување на болките и лечење на рани  во неговото детство, па тоа било доволна причина што како научник изразил желба да го испита овој народен лек.

 

Отркил дека шеќерот од раните извлекува течност која е потребна за развој на бактерии, што го забрзува процесот на лечење.

Муранда во текот на истражувањето излечил неколку личности. Една од нив бил и Алан Бајлис, кој имал рана на ногата после ампутација која многу споро зарастувала. По само две недели терапија со шеќер, раната на ногата драстично се намалила.

“Кога Мосес за прв пат ја тестираше оваа терапија, искористи килограм шеќер. После само две недели користеше четири или пет лажички. Раната доста се намали во тој период. Презадоволен сум. Моето заздравување на раната е благодарение на неговата терапија. На почетокот бев многу скептичен, но по само неколку дена можев сам да да ги видам и почуствувам резултатите,” рече Бајлис.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.