Четири работи зошто е добро да се започне денот со шоља кафе!
Експертите истражувале, постојат повеќе студии во кои може да се прочита дека пиењето кафе не е само штетно туку има и корисно влијание врз човечкиот организам. Следат четири работи кои според истражувачите се корисни во колку пиете кафе.
1. Може да го намали ризикот од смрт
Кафето го продолжува животот на луѓето со одредени хронични состојби како што се срцевите заболувања и дијабетес. Студија од 2012 година покажала дека три или повеќе шолји кафе без оглед дали е со или без кофеин може значајно да го продолжи животот.
2. Го помага репродуктивен систем
Мажите кои пијат барем 6 шолји кафе на ден го намалуваат ризикот од рак на простата за 20 %, покажала студија од 2011 година. Друга студија покажала дека жените кои пијат повеќе од 4 шолји кафе на ден имаат 25 проценти помал ризик од ендометриален карцином.
3. Го заштитува мозокот
Луѓето кои пијат кафе најверојатно ќе го спречат развојот на Алцхајмеровата болест, подоцна во животот. Мирисот на кафе, покажале испитувањата, помага да се намали стресот поради несоница.
4. Помага во зајакнувањето на мускулите и ДНА
Студија објавена во списанието “Ќелиен метаболизам” открила дека кофеинот има сличен ефект над мускулите како и вежбање поточно помага во формирањето на мускулите. Ова секако не значи дека веднаш треба да се престане со вежбање.
Консумирањето на кафе во големи количини не е за секого особено не за трудниците и жените кои минуваат низ вештачко оплодување,како и тие кои се борат со несоница и депресија.
