Избелете ги забите на сосем природен начин !
Ако ги криете забите затоа што не се бели, па затоа со рака ја криете устата додека се смеете, да Ве охрабриме бидејќи не сте единствени поточно има многу луѓе кои ги мачи овој проблем. Ниту редовното четкање и миење на забите понекогаш не е доволно за да се ослободите од флеките на забите.Токму заради тоа ви препорачуваме како на природен начин можете да ги осветлете забите без притоа да користите сретства за осветлување на забите.
Јагоди
Ова вкусно овошје е силен избелувач на забите бидејки содржи астрингент и витамин Ц. Астрингентот во јагодите добро ги отстранува површинските дамки на забите додека витаминот Ц ги избелува и го чисти плакот.
Јаболка
Додека ја жвакате, јаболката кон вашите заби се однесува како четкичка. При жвакањето на јаболкото се отстрануваат заостанатите делови од храна и бактерии меѓу забите а од нив ги снемува и површинските дамки. Јаболките исто така содржат и јаболкова киселина која стандардно се наоѓа во производите за избелување,што помага во отстранување на дамките.
Житарки
Верувале или не, консумирањето на житарките ги прават вашите заби побели со самото поттикнување на плунка во усната шуплина. Зголеменото производство на плунка природно се грижи за отстранување на плакот.
Ви треба дополнителна помош за избелување на забите? Испробајте ја оваа метода:
За ова ќе ви биде потребна сода бикарбона и малку лимон. Во мала чинија измешајте малку сода бикарбона со свежо исцеден лимонов сок.
Земете вата и избришете ги убаво забите. Потоа на нив ставете ја подготвената смеса и оставете да делува една минута на забите а потоа измијте ги со четкичка.
Смесата никако немојте да ја оставите подолго од една минута бидејќи киселината ја нагризува усната шуплина.