Време е за детоксикација!
Детоксикацијата преставува ослободување на организмот од штетните материи кои поради мрсната и обилна храна се насобрале во организмот.
Од нив ќе се ослободите со „пролетно чистење“ кое ќе ви обезбеди подобро чувство и ќе ви ја врати енергијата. Детоксикацијата го зајакнува имунитетот, го намалува холестеролот, ја отстранува главоболката и позитивно делува на кожата.
Хранете се со повеќе зеленчук и овошје. Оброците со зеленчук кратко сварете ги или подгответе ги на пареа така зеленчукот ќе ги задржи витамините. Вклучете пилешко месо, риба или мисиркино месо.
Многу важно е да внесувате што повеќе течности. Пијте вода, сокови од свежо цедено овошје и зеленчук и незасладени чаеви. Натерајте го црниот дроб поефикасно да работи со тоа што наутро во шоља врела вода исцедете еден лимон и испијте го пред појадок.
Избегнувајте месни преработки, пржена и конзервирана храна, слатки, маргарин и маслац. Не пијте премногу кафе и алкохолни пијалоци. Намалете ги количините на шеќер и сол. Солта го стимулира собирањето на течностите во организмот додека шеќерот му штети на метаболизмот и имунитетот.
Физичката активност ја забрзува детоксикацијата. Затоа одлучете се за секојдневна блага физичка активност како прошетка или интензивно вежбање четири пати неделно. За процесот на детоксикација да биде комплетен во исто време заминувајте на спиење и будете се во исто време.
.
