Како да спречите да ви пукаат јајцата при варењето!
Се мислите како да ги бојадисате јајцата за Велигден? Се плашите дека можат да ви испукаат? Еве неколку совети за вредните домаќинки:
Јајцата да се варат на тивок оган
Уште на почетокот на варењето се јавува проблемот со пукање на јајцата кои потоа не можеме да ги искористиме за бојадисување. Некои домаќинки практикуваат неколку минути пред да стават да ги варат јајцата да ги извадат од фрижидер. Сепак вие едно по едно ставете ги во ладна вода и варете полека се додека не зовријат. Со тоа лушпата полека ќе се привикнува на промената на температурата и помала е веројатноста да испука.
Додајте сол во водата за варење
За да не испука лушпата солта многу помага, затоа во водата во која се варат ставете две три лажички сол.
Ставете оцет во водата
Некои домаќинки практикуваат во водата во која се варат јајцата да додадат половина чаша оцет кој според нив помага на лушпата на јајцето да стане поеластична и да не дојде до нејзино пукање.
