Парацетамолот ја лечи емотивната болка!
Неповрзано за видот на болката, парацетамолот влијае на мозокот и му прака сигнал дека нешто не е во ред, изјавил научникот Данијел Рендлс.
Студијата која неодамна ја спровеле канадските научници покажала дека аналгетикот парацетамол, кој се користи против болки, настинки и за намалување на телесната температура, може да се користи и за намалување на емотивните болки и тегоби. Ренделс и неговите колеги забележале дека непријатноста која ја чувствуваме кога размислуваме за смртта, активира сличен процес во мозокот, за што тие се обиделе да ја ублажат со помош на аналгетик.
Студијата покажала дека егзистенционалниот страв не е ограничен само на размислување за смртта туку може да се почувствува во секоја непредвидена и изненадувачка ситуација.
„Уште сме изненадени со фактот дека обичен лек против главоболка може да им помогне на луѓето да не размислуваат за смртта и да не се чувствуваат непријатно“,рече Рендлс.
Научниците сметаат дека студијата ќе помогне за лечење на премногу чувствителни или луѓе со хронични тегоби.
