Слатките газирани пијалаци го зголемуваат ризикот од дијабетес!
Возрасните лица кои консумираат само една лименка (340 мл) зашеќерен газиран пијалак дневно си го зголемуваат ризикот од заболување од дијабетес за повеќе од петина во однос на оние кои поретко го пијат.
Возрасните лица кои консумираат само една лименка зашеќерен газиран пијалак на ден го зголемуваат ризикот за заболување од дијабетес за 22 отсто во однос на оние кои таквиот пијалак го консумираат само еднаш неделно или уште поретко, утврди европска студија.
Испитувањето е спроведено на примерок од дури 350.000 луѓе во осум земји во ЕУ, пренесе Ројтерс.
“Со оглед на зголемениот пораст на засладените газирани пијалаци во Европа, на луѓето им е потребна јасна порака за ризикот од нив,” истакнува раководителот на студијата Дора Ромагера од лондонскиот Импиријал колеџ.
Заклучоците на европскиот тим се слични на оние до кои порано дојдоа неколку поранешни американски истражувачи кои зашеќерените газирани пијалаци ги доведоа во цврста врска со дебелината и дијабетесот тип 2.
Европскиот тим подвлекува дека редовното консумирање на овошни сокови не го зголемува ризикот од дијабетес.
