Оригано за кулинарство и за здравје!

Објавено на 10 мај, 2013 во 11:09

Освен за кулинарство, ориганото се користи и за медицински цели.

Еве некои од здравите својства на ориганото:

Ориганото е добар извор на магнезиум, железо и витамин А. Редовно користење на неговите свежи ливчиња помага да се подобри имунитетот.  Тимолот и карваколот присутни во составот на ориганото го подобруваат варењето на храната и го смируваат вознемирениот желудник (во чаша вода капнете неколку капки масло од оригано).

Познато е дека ориганото ги ослободува и менструалните грчеви. Добро е неколку дена да се пие по една чаша вода со неколку капки ориганово масло.

Ориганото содржи антибактериски и антивирусни својства и е корисно за третирање на кожни инфекции.

Додајте го на пица, во разни јадења од тестенини или друго, по вкус, нема да згрешите. Мирисот и вкусот му се впечатливи, но не прејаки и тешки, најчесто лесно се поднесува.

Гастрономите советуваат дека не треба да се претерува со количината затоа што може да даде обратен ефект и да го вознемири стомакот. Особено треба да внимаваат бремените жени затоа што во таа состојба стомакот и така е веќе вознемирен.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.