Најздрави пијалоци на светот!

Објавено на 25 мај, 2013 во 07:30

Прочитајте кои се најздравите пијалоци на светот и можат да ви го направат здрав животот.

Зелен чај

Помага во намалување на ризикот од настанување на остеопорозата,болести на срцето и кариес. Зелениот чај е богат со природни антиоксиданси кои ги штитат клетките од канцер. Неговите антиоксиданси ќе го штитат здравјето на срцето,ќе го намалат ризикот од појава на крвни згрутчувања кои можат да предизвикаат срцев или мозочен удар. Исто така содржи флуор кој ги зајакнува забите.

Чај од мента

Ги намалува симптомите на дигестивни проблеми, ги ублажува грчевите и затворот. Чајот од мента може да ги намали болките во мускулите а научниците докажале дека го забрзува опоравувањето после вежбање. Чајот од мента е одличен за заштита од болести на дигестивниот систем и разните тегоби, вклучувајќи надуеност, затвор, грчеви, пролив и мачнина.

Млеко од соја

Го намалува ризикот од појава на болести на срцето. Содржи влакна и протеини на соја кои го намалуваат нивото на лош холестерол и триглецириди.

Ако го пиете наместо кравјо млеко ,одберете го она кое е збогатено со витамин А и Д и калциум. Некои истражувања покажале дека млекото од соја може да го зголеми ризикот од појава на рак на дојката па пред почеток на консумирање советувајте се со лекарот особено ако во семејството постојат случаи на рак на дојка.

Топла чоколада

Го подобрува расположението и го намалува ризикот од болести на срцето. Чоколадата го поттикнува производството на серотонин кој е заслужен за добро расположение. Научниците докажале дека ниското ниво на серотонин го зголемува ризикот од појава на депресија.

Сок од домати

Штити од разни видови на рак. Одличен извор е на ликопен ,кој го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови и желудникот. Исто така го намалува ризикот од појава на рак на дванесетпалачното црево, на дебелото црево, усната шуплина, дојките и грлото на матката. Ликопенот исто така има антиоксидантно дејство.Го намалува нивото на слободни радикали и го чува здравјето на срцето и крвните садови.

Сок од брусница

Го намалува ризикот од појава на болести на непцата. Истражувањата покажуваат дека делува во лечење на инфекции на уринарните патишта. Сепак стручњаците истакнуваат дека не треба да се пие свеж сок од брусница бидејќи може да содржи многу шеќер. Добрата замена на свеж сок од брусница е чај од брусница но без шеќер или млеко.

Сок од портокал

Го намалува ризикот од појава на катаракта, рак и вродени пореметувања. Освен што го зајакнува имунитетот, витамин Ц има антиоксидантно дејство и го намалува ризикот од појава на канцерогени клетки. Исто така е одличен за јакнење на коските. Портокалот е одличен извор на фолна киселина коај е особено важна за бремените жени но и за жените кои планираат да забременат. Научниците докажале дека фолната киселина го намалува ризикот од појава на разни пореметувања кај бебињата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.