Трикови за контрола на апетитот!

Објавено на 25 мај, 2013 во 08:09

Ви изгледа едноставно кога ќе помислите дека треба само да го намалите внесувањето на калории и килограмите ќе се изгубат. За среќа има трикови кои ќе ви помогнат за намалување на апетитот и желбата за храна и тоа на здрав начин.

Внесувајте протеини

Нутриционистите секогаш ја истакнуваат важноста од внесување на протеини а тоа не е без причина. Протеините ве одржуваат подолго време сити бидејќи на телото му треба повеќе време да ги разложи. Најдобар оброк за внесување на протеини е појадокот бидејќи долго ќе ве држи сити и ќе ја спречи потребата за храна која се јавува во претпладневните часови. За појадок внесете барем 30 грама протеини.

Јадете компири

Многумина мислат дека скробот во составот на компирот е штетен но компирите содржат вид на скроб кој е сепак корисен. Поради бавното разложување компирите и понатаму со часови ќе ве држат сити. Нјаздрав облик на компир е да биде варен а можете да го зачинете со разни здрави растенија за да го подобрите неговиот вкус.

Вежбајте

Само 60 минути телесни вежби со висок интензитет можат да го задржат апетитот за два часа повеќе. Најдобар тип на вежби е аеробната која го зголемува ослободувањето на хормоните кои го намалуваат апетитот.

Џвакајте гума за џвакање

Едно истражување покажало дека лицата кои џвакаат гума за џвакање еден час наутро внесуваат во просек 67 калории помалку за време на ручекот. Една од теориите е дека џвакањето на гумата за џвакање ги стимулира нервите на вилицата кои потоа праќаат сигнали на мозокот дека на телото не му треба храна.

Пијте вода

Благата дехидратација ги предизвикува симптомите кои се слични на симптомите кога е телото гладно, затоа многу луѓе жедта ја заменуваат со глад. Ако сте јаделе неодамна и повторно чувствувате глад можно е да е во прашање жед затоа испијте чаша вода за да ја згаснете.

Јадете јаболка

Јаболките се одлични за слабеење. Содржат малку калории одлични се за регулирање на нивото на шеќер во крвта и спречуваат нагло паѓање на енергијата  во текот на денот кое се случува кај многу луѓе.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.