Кафето ги смирува нервите!

Објавено на 25 мај, 2013 во 09:20

Екстракт од растението кафе – кафе ,може да им помогне на лицата кои страдаат од хроничен стрес, откриваат научници од Австралија.

Лицата кои страдаат од хроничен стрес после 6 недели земање на екстракт од растението покажуваат значително намалување на симптомите на стрес во однос на лицата кои земале плацебо.

Ова растение има слично дејство како и лековите против депресија,анксиозност и напад на паника. Она што ова растение го прави подобро е фактот што не предизвикува зависност.

Во ова истражување учествувале 75 лица кои страдаат од хроничен стрес. Ги поделиле во две групи. Првата група секојдневно земала растение кафе-кафе а другата група земала плацебо.

После 6 недели 26 учесници од првата група имале намалени симптоми на хроничен стрес  во однос на 6 % од лицата од другата група.

Хроничниот стрес е состојба во која лицето страда од константен немир без оглед на тоа дали е изложено на стресни ситуации или не.

Научниците,чие истражување е објавено во весникот Journal of Clinical Psychopharmacology,истакнуваат дека екстрактот од растението кафе – кафе би можел да биде одлична замена на традиционалните лекови за депресија и анксиозност но секако е потребно да се продолжат истражувањата.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.