Чајот од камилица штити од рак!
Шоља чај од камилица помага во одбрана од рак,тврдат научниците од Државниот универзитет во Охајо. Апигенин,супстанца која ја содржи оваа напивка, ги отстранува канцерогените ќелии.
Ензимот апигенин ги блокира ќелиите на ракот, го запира нивното ширење и ги прави чувствителни на лекови. Покрај тоа ја испарвува абнормалноста и РНК кои се одговорни за 80 насто видови на канцер.
– „Ние знаеме дека поздраво треба да се храниме но често не ги знаеме вистинските причини за тоа. Со ова истражување го откривме дејството на апигенинот кое делува на многу протеини во нашите ќелии и го воспостваува нивниот нормален профил. Оваа студија има голема вредност за развој на клинички антиканцерогени превентивни стратегии,“рече доктор Андреа Досеф, молекуларен генетичар од Универзитетот во Охајо.
Апигенинот покрај чајот од камилица се наоѓа и во магдоносот и целерот, како и во многу видови овошје и зеленчук, застапени во медитеранскиот начин на исхрана.
