Калциумот го намалува ризикот од прерана смрт
Нема опасност по здравјето ако вкупното внесување на калциум во исхраната и доадтоците не минува 1000 мг на ден, а освен што ги јакне коските тој им помага на жените подолго да живеат.Со вистинска доза на калциум на ден ризикот од прерана смрт е за петтина помал.
Жените кои земале додаток на калциум од 1000 мг дневно имале за 22 отсто понизок ризик од умирање за период од 10 години,наспроти оние кои не земале додаток од овој минерал,покажало дванаесет годишното истражување на канадскиот Универзитет Мекгил на 9000 луѓе.
Земањето на калциум не се покажало така добро на мажите.
Пред тоа лекарите советуваа на внимание кај земањето поголеми дози на калциум за спречување на остеопорозата поради можните штетни последици за срцето но новата студија ги поништува тие сомнежи.
Секако,кај луѓето кои внесуваат доволни количини на калциум низ исхраната пред се млечни производи,риба и зелен лиснат зеленчук,не им се потребни додатоци во исхраната,велат стручњаците. Сепак исхраната кај повеќето луѓе содржи недоволно ниво на калциум поради што додатоците во исхраната се најефикасен начин за јакнење на коските,особено кај жените.
