Ким – лековита билка!

Објавено на 14 јуни, 2013 во 10:24

Семето од ким е широко распространето во многу кујни во светот. Тоа е плод на древната лековита билка која лесно надразнува, загрева и предизвикува низа олеснителни ефекти на многу системи и процеси во организмот.

Освен за вкус и мирис на јадењето, еве за што најчесто се користи:

– го зајакнува желудникот,

– го подобрува излачувањето на урината,

– го подобрува празнењето на цревата,

– добар е против гасови,

– им се препорачува и на жени затоа што ја подобруваат менструацијата и ги смируваат грчевите на      матката, делуваат на омекнување со што се олеснуваат породилните болки,

– го подобрува и излачувањето на млекото за време на доењето,

– купките со ким се добри за слаби деца.

Луѓето го коистат како народен лек за ублажување на главоболка, забоболка и болка во увото. Тие го дробат и врз него прскаат вино, го ставаат во платнена вреќичка и загреано го држат на болното место.

Се препорачува за ублажување на симптоми од пијанство.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.