Домашна нега со краставица за сите типови кожа!
Поради големите квалитетни состојки краставицата одамна се користи во козметиката. Голем е изборот на домашни препарати од краставици кои можете сами да ги направите.
Маска за мрсна кожа
Свежа краставица ситно изрендајте и измешајте со лажица јогурт и лажица мед. Со сокот од оваа маска тампонирајте ја чистата кожа а преку неа ставете газа. На погустиот дел додадете малку интегрално брашно за маската да може да се мачка полесно. Држете ја околу половина час а потоа измијте со млака па ладна вода. Ако ви е мрсна кожата не ја мачкајте веднаш со крем.
Маска за сува кожа
Зрела,голема и свежа краставица измијте ја и иситнете во блендер. Ставете ја масата во цедилка,во густиот дел додадете павлака и се добро измешајте. Нанесете ја маската на лицето,вратот и деколтето а можете и на рацете. Влажната маска од краставица ќе ја хидрира кожата а павлаката ќе ја нахрани.
Маска за нормална кожа
Крупно изрендајте краставица со кора и додадете лажица мед. Потоа натопете поголема газа и ставете ја преку лицето,вратот и деколтето. Преку газата со рака нанесете го остатокот од маската и држете половина час. Извадете ја газата со маската,измијте ја и со неа благо исчистете го лицето па намачкајте крем.
