Здрави зачини кои го намалуваат апетитот
Сите сакаме да изгубиме на тежина тоа е сигурно. За да го постигнеме тоа ги прескокнуваме оброците или одиме во теретана. Но дали знаевте дека постојат производи кои можат да ги согоруваат мастите во нашето тело. На пример,куркума,лук и цимет се популарни зачини за слабеење.
Црвена пиперка
Пикантната црвена пиперка содржи капсаицин,спој кој го зголемува метаболизмот на телото. Овој спој ја зголемува телесната топлина која пак ги согорува масните наслаги. Овој здрав зачин го контролира апетитот и желбата за солена,слатка и мрсна храна.
Лук
Овој здрав зачин го потиснува апетитот бидејќи дава сигнал во мозокот дека желудникот е полн. Со помош на овој зачин ќе се чувствувате полни и ќе согорувате калории. Лукот е исто така добар за срцевите болни бидејќи спречува создавање на крвни згрутчувања и ја зголемува циркулацијата на крвта.
Чили
Чилито е еден од здравите зачини кои можат да го контролираат апетитот така што ќе се чувствувате полни. Исто така што чилито се смета за зачин кој ги согорува маснотиите.
Цимет
Тоа е еден здрав зачин кој ги согорува масните наслаги во телото а исто така ја контролира и гладта. Циметот исто така го зголемува метаболизмот на телото го намалува лошиот холестерол и ги чисти артериите.
