Мајчиното млеко е добро за видот на децата!

Објавено на 27 јануари, 2014 во 10:04

Доколку сте во дилема дали доењето има ефект врз здравјето на вашето бебе еве само еден факт од направено истражување.

Во мајчиното млеко има повисока концентрација на есенцијални масни киселини, отколку во индустриската храна, поради што доените деца имаат подобар вид.

Истражувањето е извршено на 78 доени и 184 деца хранети со индустриска храна на возраст од четири до шест години.

Во текот на првите шест месеци доените деца имале подобри резултати за време на испитувањето на видот.

– Истражувањето покажува дека мајчиното млеко е богато со омега 3 киселини, арахидонска и ДХА киселина, кои го подобруваат видот кај децата, изјави д-р Атул Сингхал од Институтот за детско здравје во Лондон.

Арахидонската киселина е составен дел од мембраните на човечките клетки, посебно во мозокот. Ја има во путерот од кикиритки. ДХА киселината ја има во рибиното масло.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.