Смартфоните влијаат штетно врз здравјето?
Во денешно време сè поголем број луѓе поседуваат смартфони, а статистиката вели дека еден сопственик на смартфон во текот на денот погледнува во него во просек до 150 пати. Во суштина, најголемиот дел од луѓето не ги ни знаат негативните последици од користењето смартфони.
Еве дел од негативните здравствени последици кои се резултат на користењето смартфон.
Слабеење на видот
Ако подолго време го користите смартфонот можно е да почувствувате болка и печење во очите, затоа што фокусирањето подолго време на некој помал објект може да доведе до воспаление и инфекции. Ова е особено штетно за децата.
Децата кои подолго време гледаат во екран, можат да имаат проблем со кратковидоста кога ќе пораснат. Генерално, пречестото користење на смартфонот ќе предизвика да носите очила за читање многу порано.
За да го зачувате видот, зголемете го фондот на текстот од телефонот, користете го во осветлена соба и тоа не подолго од 15 минути.
Проблеми со р’бетот
Забележете дека кога го користите смартфонот вие не се исправени. Британската физиотерапевтка Кристен Лорд вели дека последниве години, сè повеќе луѓе патат од болки во рамената и вратот, а причината е што се постојано подгрбавени заради комуникацијата на своите смартфони преку кои денеска прават сè: пишуваат пораки и мејлови, читаат вести итн.
Опуштање на мускулите на вилицата
Претераното користење на телефоните генерално може да ја промени вилицата. Како што старее човек, еластичноста на кожата се намалува. Свивањето на вратот нанапред за да гледате во смартфонот или таблетот, прави кожата да се опушта повеќе, а ова особено претставува проблем за луѓето со чувствителна кожа.
Бактерии
Ако се чудите зошто лицето толку често ви се нафрла, имајте во предвид дека бактериите кои се наоѓаат на телефонот се 18 пати поштетни од оние кои можете да ги најдете во тоалетот. Затоа гледајте повремено да го избришете со средство за дезинфекција.
