Црвена топка на здравје
Лубеницата е една од најчестите консумирани овошја за време на летото.
Ја сакаат и децата и возрасните и многу често се користи како освежителен десерт особено на морските жештини. Зошто лубеницата е толку добра и треба да ја консумираме?
Покрај тоа што освежува лубеницата содржи многу витамини Б6,Б1 и витамин Ц и манган. Богата е со витамин Ц,антиоксиданси како што се ликопен,бетакаротен,лутеим,криптоксантин. Овие антиоксиданси се делотворни во превенција од рак и болести на дишните патишта.
Лубеницата е и одличен извор на калиум,кој е добар за срцето и крвниот притисок. Исто така е добар во спречување на мозочни проблеми. Лубеницата е природен извор на витаминот А кој е важен за здравјето на кожата и дробовите. Покрај тоа лубеницата има мали калории,богата е со електролити и секако вода и не штити од дехидрација,што во лето е и тоа како потребно
