Со Зумба се согоруваат најмногу калории

Објавено на 19 август, 2014 во 06:21

Зумбата се темели на филозофијата на тренирање во интервали и системот на атлетско тренирање, кој комбинира кратки периоди на интензивна активност со периоди на слаба активност.

Всушност со ваквиот принцип на вежбање, Вашето тело е приморано на поголема активност отколку со вежбите со изедначено темпо. На пример 15 минути зумба е еднакво на 45 минутно возење на велосипед.

Зумбата во неколку последни последователни години стана голем хит помеѓу жените. Зумбата комбинира игра и фитнес врз основа на латино музика, а со самото тоа преставува вистинска забава и корисна телесна активност на која се помалку припаднички на понежниот пол можат да и одолеат.

Според многумина зумбата е вистинскиот избор за супер тело и одличен начин како најздраво и најпаметно да се изгубат вишокот на калории. За да се потврди тој факт мора да се споредат неколку други едночасовни активности со едночасовна зумба активност.

Хип хоп
Помеѓу 370 и 500 калории на час.

Салса
Околу 400 калории на час.

Балет
Од 380 до 450 калории на час.

Свинг
Помеѓу 300 и 500 калории на час.

Зумба
Помеѓу 600 и 800 калории на час.

Зумбата не е само трошење калории таа нуди многу повеќе. Го подобрува кардиоваскуларното здравје, најлесно ги согорува килограмите …

– Ја подобрува координицијата
– Го подобрува расположението
– Го намалува стресот
– Го ослободува телото од штетните токсини

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.