Лековит напиток од ленено семе: Ги исфрла токсините, го топи целулитот, помага за чир и гастритис

Објавено на 10 септември, 2014 во 08:06

Напитокот треба да се подготви еден ден претходно. Пред спиење прелијте 3 лажици ленено семе со еден литар зовриена вода и оставете го да отстои преку ноќ.

Најдобро е да користите термос, но доколку немате можете да користите тенџере со капак.

 

Наутро процедете. Би требало да добиете малку густа, желатинеста смеса.

Процедениот напиток конзумирајте го 3 до 4 пати во текот на денот по 150 мл, половина час пред оброкот. Напитокот секогаш се подготвува навечер за да биде свеж утредента, па затоа не правете залихи.

Начин на косумирање:

Напитокот од ленено семе се консумира 10 дена, а потоа следи пауза од 10 дена и повторно се повторува, до постигнувањето на саканиот резултат. На тој начин ќе ја регулирате телесната тежина, а што е најважно, ќе слабеете здраво и сигурно.

Ефектите се индивидуални, но за да се намали телесната тежина потребни се 3-5 вакви третмани.

Овој напиток можете да го конзумирате како појадок и вечера, а за подобар вкус можете да го засладите со мед.

И покрај сите корисни особини на ленот, постојат контраиндикации. Не се препорачува за лица кои имаат сериозно заболување на црниот дроб. Исто така, имајте во предвид дека ленот активно извлекува песок и камења од бубрег, но тој процес треба да се држи под строга контрола за да не дојде до сериозни компликации.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.