Сами направете го овој природен антибиотик

Објавено на 13 септември, 2014 во 07:54

Здружете ги петте добро познати намирници и ќе добиете природен антибиотик кој ќе ги штити вашиот имунитет.

Состојки:

1 чешне лук

2 лажици мед

2 лажици свежи изрендан ѓумбир

1/2 лажичка мелена чили пиперка

1/2 лажица цимет

1 дл сок од лимон

Исцедете го лимонот и во него измешајте го гмечениот лук, ѓумбирот, чили пиперката и циметот.

Сите состојки добро измешајте ги и на крај додадете го медот кој ќе ја згусне смесата.

Смесата ставете ја во стаклен сад со поклопец и добро затворете ја. Оставете ја да одстои на собна температура околу 3 часа. После ова сирупот чувајте го во фрижидер.

Совет:

Земајте по една лажичка дневно, најдобро е наутро. Доколку сте настинати или пак имате вирус, земајте по една лажичка од сирупот три пати во денот, пред секој оброк.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.