Најново истражување: Праските во борба против рак на дојка

Објавено на 2 октомври, 2014 во 07:09

Консумирањето на само три праски на ден може да помогне во борба против рак на дојка,тврди најновото истражување објавено во Journal of Nutritional Biochemistry. Американските научници до ова сознание дошле на база на тестирање на глувци.

“Клетките на агресивниот рак на дојката ги имплементиравме кај глувците под кожата а потоа ги третиравме со екстракт од праски. Видовме позитивно дејство после неколку недели што значи дека праските ги убија метастазите и ја запреа болеста,изјави доктор Luis Cisneros-Zevallos, кој го водеше проектот.

Научниците ги пресметаа употребените дози на глувците и ги искористија на луѓе и дојдоа до заклучок дека консумацијата на две до три праски на ден би имале исто влијание и кај луѓето.

Во западните земји ракот на дојка е најсилен вид на рак кај жените а само во САД минатата година заболеа 232.000   жени,покажуваат најновите податоци.

Она што е важно во сево ова е дека сокот од праска нема да го даде истото дејство.

“Важно е да се изеде цел плод”, изјави нутриционистот Ian Marber и ги повика луѓето за комплетно здравје да консумираат што повеќе различен зеленчук и овошје.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.