Лимон како природен лек
Лимонот е познат како лек за крвни болести, мигрена и стареење. Растението лимон се користи и за отстранување на сончеви и црвени дамки, го подобрува тенот, ја обновува кожата и косата, помага против стресот, а сто грама лимон содржи само 26 калории.
Плодот содржи 30 проценти сок од лимон, кој има шест до осум отсто лимонска киселина, како и витамини А, B и C. Сите состојки од лимонот, но првенствено витамин Ц, ги зајакнува сврзното ткиво и коските, штити од инфекции, ја намалува склоноста од пукање на капиларите и се важни во заштитата на непцата.
Лимон е добар да се зема и со спанаќ, бидејќи се зголемува асимилацијата на железо од него. Ова овошје исто така се користи како чистач на крвта, диуретик, средство за смирување на нервите, помешан со мед помага во спречување на ангина, а разводнет лимон се користи за лекување на егземи и брадавици.
На Сицилија која имаше големи проблеми со набавка на пивка вода отсекогаш во залихите на вода се ставало свежи половинки лимон. Луѓето од искуство знаат дека лимонот ја дезинфицира водата а модерната наука тоа и го потврди. Можеби и од тука е таа прастара навика да служиме вода со парче лимон.
100 грама лимон покрива 71% дневни потреби на витамин C за возрасен и 7% дневни потреби за калиум , 1% калциум и 9% магнезиум.
