Само добро измиено овошје и зеленчук е препорачливо за јадење

Објавено на 18 октомври, 2014 во 07:54

Доброто миење на овошјето и зеленчукот претставува најдобар начин за намалување на ризикот од болести, кои можете да ги добиете со внесување на штетни материи преку храната.

Ви претставуваме неколку сигурни постапки за правилно миење на овие намирници.

1.Добро измијте ги рацете со топла вода и сапун пред и после подготвување на храната.

2.Со топла вода и сапуница исчистете ја работната површина во кујната, даската и приборот за сечење, пред и после сецкањето на храната.

3.Не ги мијте овошјето и зеленчукот со сапуни и детергенти за чистење, користете само чиста вода за пиење.

4.Овошјето и зеленчукот со дебела кожа протријте ги со мека четка или сунѓер, кои ќе помогнат да ги отстраните микробите кои инаку тешко се отстрануваат.

5.Брокулата, карфиолот, зелената салата, потопете ги две минути во ладна чиста вода, а пота кратко измијте ги.

6.Малините немојте да ги миете со вода, попрскајте ги со дестилирана вода.

7.После миењето на овошјето и зеленчукот, исушете ги со хартиена крпа, тоа ќе ги отстрани преостанатите бактерии.

8.Ако планирате да јадете јаболко надвор, понесете и шише дестилирана вода и со неа измијте го овошјето.

9.Мијте го секое овошје или зеленчук, без оглед на тоа дали е од вашата градина или сте го купиле во продавница, пазар.

10.Нема потреба да ги миете пакуваните производи со налепница „измиено и подготвено за употреба“.

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.