Кои се симптомите на менопауза?
Менопаузата е природна појава која секоја жена ја минува кога завлегува во доредени години што е во главно меѓу 35 и 50 година. Иако симптомите се изненадни и траат одредено време потполно се природни. Еве кои се симптомите.
1.Нередовен циклус
Нередовниот циклус е прв и највообичаен симптом за менопауза. Тој е резултат на нестабилноста на хормоните во вашето тело кои работат до крајот на вашата плодност.
2. Топли бранови
Топли а понекогаш и ладни бранови се случуваат одеднаш и предизвикуваат црвенило во лицето. Тоа се случува поради падот на естрогенот.
3. Неудобност при спиење
Жените кои минуваат низ менопауза можат да страдаат од несоница бидејќи не можат ад спијат поради налет на жештина. Освен снабдување на телото со естроген дури и снабдувањето со прогестерон опаѓа во периодот на менопауза.
4. Сувост на вагината
Поради намаленото производство на естроген кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината ,вагиналното ткиво почнува да се суши и станува помалку еластично.
5. Напнатост и депресија
Вознемиреноста и чувството на губење на емотивната стабилност се вообичаени симптоми како и напади на паника и физички знаци како забрзана работа на срцето и отежнат дишење.
6. Болки во рацете и нозете
Поради хормоналната нерамнотежа тие полека отекуваат и почнуваат да болат. Меѓутоа доколку болката е се почеста и неподнослива треба да се оди на лекар.
7. Хормонална нерамнотежа
Чест симптом при влез во менопауза е и постоење на хормонска нерамнотежа која се гледа во промената во растот на косата. Поради намаленото производство на естроген може да дојде до проретчување или губење на косата.
