Какао – корисна напивка, на чија испиена количина мора да се внимава!

Објавено на 23 март, 2021 во 17:00

kakao fin

23.03.2021

Какаото како напивка е многу корисно за организмот, односно го стимулира и тонизира, а тоа е поради главните состојки теобромин и кофеин.

Теоброминот помага во побрзо опоравување на физичката сила на организмот, особено во случај кога сте под стрес и напор. Според специјалистите оваа состојка најмногу влијае на централниот нервен систем.

Покрај тоа какаото содржи витамини А, Ц, како и витамини од групата Б и многу минерали. Релативно е богато со фосфорни и калиумови соли, но е сиромашно со калциум. Калиумот во какаото има извонредно благотворно дејство на кардиоваскуларниот систем. А пектинот кој го има во неговиот состав делува добро на функционирањето на органите за варење.

Но колку и да е корисно какаото, не треба да се претерува со негова консумација бидејќи доведува до несакани состојби. Преголема количина може да ја иритира слузокожата на желудникот, да го оптерети црниот дроб и жолчните патишта.

Треба да го избегнуваат луѓе кои имаат проблеми со бубрезите и кои се склони кон создавање на песок и камен во тие органи. Причина е високиот процент оксална киселина и дируетскиот ефект кој го има. Не се препорачува да е пие на гладно. А според некои специјалисти треба да го избегнуваат трудниците и доилките, бидејќи ако се пие многу предизвикува одземање на калциумот од организмот.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.