Го познавате ли алкохолот кој го пиете?
Доколку знаете што всушност пиете, многу лесно ќе го правите вистинскиот избор, а како резултат на тоа умерено консумирање ќе го зачувате вашето здравје и истовремено ќе уживате.
Поголемиот дел од луѓето генерално знаат дека премногу алкохол може да доведе до висење на стомакот и кожата, но многу малку го имаат ова на ум во текот на викендот кога им е најважно да се опуштат и да уживаат.
Меѓутоа, ако сте викенд алкохоличар, не е на одмет да знаете кои варијанти на овие флуиди се добри, а кои не.
Калориите не се’ се
Калориите во алкохолните пијалоци се само половина од приказната. Ако сте љубител на бројките погледнете ја листата која следи и дознајте колку калории има во вашиот омилен пијалок.
*џин, вотка и тоник – 126 Ккал.
*кафеава рум и кола – 142 Ккал.
*средна чаша бело вино (175 мл) – 130 Ккал.
*средна чаша црвено вино (175ml) – 120 Ккал.
*светло пиво (5% алкохол) – 240, 250 Ккал.
*темно пиво – 210 Ккал.
*Ракија, коњак (50 мл) – 110 Ккал.
*виски (25ml) – 55 Ккал.
*Црвеното вино е победник во однос на минималниот број на калории, благодарение на ниското ниво на шеќер, но вистината е дека не можете постојано да го пиете.
Зошто е добро да се пие во умерени количини?
– алкохолот ја разредува крвта и го подобрува кардиоваскуларниот систем.
– антиоксидансите од алкохолот се важни за добро здравје
– умереното консумирање алкохол може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести (дијабетис (тип 2) и општо намалување на стапката на смртност)
– алкохолот може да ја зголеми коскената густина кај постменопаузалните жени.
Најдобар алкохолен избор за подобрување на здравјето
Црвено вино – има ниско ниво на шеќер,малку калории и содржи ресвератол, супероксиданс кој го спречува ракот и го олеснува стареењето.
Пијалоци кои стојат во дрвени буриња… виски, brandy, шток, коњак – дестилираните алкохолни пијалоци не се калорични и се полни со антиоксиданси потребни за организмот, доколку се внесуваат во умерени количини.
Бело вино – има мал удел на јагленохидрати и калории, здрав алкохол без оглед што има од пет до десет пати помалку антиоксиданси од црвеното вино. Белото вино, поради многубројни фактори е подобар пијалок од било кој друг алкохолен пијалок, но во никој случај неможе да се мери со црвеното вино.
Жестоки пијалоци како вотка, џин и бел рум – имаат многу калории, во однос на горенаведените пијалоци овие не се здрави и не обезбедуваат никаква корист.
Пиво – има антиоксиданси, но исто така и многу калории
Засладени коктели – коктелите кои содржат висок процент на шеќер се штетни за здравјето.
