Сокот од зеленчук е ново „вино“
Соковите од цвекло,морков,краставица,спанаќ и разен друг зеленчук се се популарни во Калифорнија каде веќе постојат над десетина „ѓус барови“.
Во помодарските квартови,како Санта Миника и Беверли Хилс ги има на секое ќоше. А не е ретко и да се видат минувачи со пластична чаша полна со сок од зеленчук наместо вообичаено кафе.
-Одлични се за зголемување на енергијата,вели 44 годишната инструкторка по јога Киа Милер, која најмногу сака микс од зелка,магдонос и куркума. Тоа е ново вино,објаснува таа .
Соковите од зеленчук можат да се прават во најразлични комбинации: зелка и цвекло,морков и кокосово или бадемово млеко,целер и краставица. А може и мешавина со овошје.
И додека некои повремено ги густираат други пак ги користат редовно како нов начин на исхрана. Ги има и такви кои од соковите од зеленчук пијат три,седум или 30 дена по ред,без внесување на цврста храна за да го прочистат организмот.
Цедениот зеленчук се почесто се користи и во диетите за слабеење. За пет дена е можно на овој начин да се ослаби и до десет килограми.
Во јули,финансиското списание “Baron” ја процени на пет милијарди долари индустријата за сокови од зеленчук во САД со годишен раст од 4 и 7 отсто.o.
Спрема пишувањето на тој лист,во Америка моментно постојат 6200 локали во кои се служат сокови од зеленчук. Најмногу ги има во Лос Анџелес и Њујорк но се повеќе се отвораат и во другите градови во земјата.